47-годишен кумановец загина во сообраќајка на патот Велес – Штип

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен кумановец вчера го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на патот Велес – Штип, а неговата сопатничка е повредена.

– На 10.09.2026 во 14:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на клучка за с.Дорфулија, општина Лозово, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(47) од Куманово, излетало од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од здобиените повреди, како што додаваат од МВР; на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка нападната во напуштен објект во центарот на градот

– По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција велат од полицијата.

Со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Т.С.(44) од Куманово, констатирани во Клиничка болница Велес.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Никола Ивановски