Бесплатни дерматолошки прегледи утре на градскиот плоштад во Куманово

Сподели со своите пријатели

На градскиот плоштад во Куманово утре ќе има бесплатни дерматолошки прегледи за граѓаните.

Прегледите ќе се одржуваат од 09:00 до 11:00 часот, а целта е навремено откривање на промени на кожата и спречување на посериозни здравствени проблеми.

Граѓаните ќе имаат можност бесплатно да ја проверат состојбата на својата кожа и да добијат стручна проценка, со што дополнително се подигнува свеста за важноста на редовните здравствени прегледи и раното откривање.

Активноста ја организира Здружението на виши и средни медицински сестри, техничари и акушерки при Здравствен дом – Куманово, со финансиска поддршка од Општина Куманово, обезбедена преку Јавниот повик за финансиска поддршка за превентивно-промотивни активности за унапредување на здравствената заштита.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка нападната во напуштен објект во центарот на градот

Од организаторите ги повикуваат граѓаните да ја искористат можноста за бесплатен преглед и навреме да се погрижат за своето здравје.

Никола Ивановски