Забрана за емитување словенечка и црногорска музика во Македонија

Сподели со своите пријатели

Aвторските агенции ПАМ-Црна Гора и САЗАС-Словенија одлучиле да се забрани користењето на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија, информираат од ЗАМП.

Ваквата одлука ќе стапи на сила од 10 октомври, а ЗАМП е овластен да ги преземе сите потребни мерки за имплементација на оваа одлука.

ретходно ЗАМП забрани емитување на македонска музика во етерот, а веќе една недела на сила е и забрана за музика од српски автори и изведувачи.

Овие забрани се издадени по барање на авторите кои сметаат дека ТВ и радио станиците во Македонија многу малку плаќаат за правата на композиторите и изведувачите.