Светот го одбележува Денот на бегалците, трисетина се уште престојуваат на Табановце

Сподели со своите пријатели

Агенцијата за бегалци при Обединетите нации денеска го одбележува Меѓународниот ден на бегалците, а Македонија и Куманово несомнено во изминатите две години беше симбол на маката низ која минуваа овие луѓе, бегајќи од гладот, сиромаштијата и војната.

Од Ирак, Иран, Авганистан, Сирија, Сомалија Балканската рута на која се најде и Куманово беа прозорецот преку кој бегалците се надеваа дека ќе влезат во земјите на Европската унија каде ќе побараат подобар живот.

Дел од нив успешно, дел останаа заглавени во камповите кога земјите на ЕУ одлучија да ги спуштат граничните рампи. Табановце доби прифатен центар за бегалци, во кој дневно беа сместувани илјадници лица, деца, жени и мажи, од сите возрасти, од сите нации, но со една цел, влез во ЕУ.

Денеска во кампот се уште се наоѓаат триесетина бегалци, меѓу кои и неколку деца. Осумнаесет од нив се тука уште од самиот почеток на мигрантскиот бран во 2015 година. Тие немаат пари, изнемоштени се и се уште се надеваат дека ЕУ ќе дозволи нивен прием.

Третманот во Македонија им беше на задоволително ниво. Доаѓаа изнемоштени од долгиот пат, добиваа храна, но и потребни лекови. Центарот за јавно здравје Куманово вакцинирал вкупно 604 деца со полео вакцина и со својата напорна работа не дозволи да се прошират заразни болести ниту во кампот, ниту надвор од него.

Центарот за јавно здравје од 2015та, особено мојот оддел, Оддел за епидемиологија ја следи состојбатаво прифатно транзитниот центар и кога имавме огромна улога и огромна задача да ние два пати како служба го посетуваме тој центар, два пати вршевме во текот на 24 часа дезинфекција на целиот тој простор и објекти, каде што беа сместени преку 1.500 секојдневно транзитираа мигранти и спроведовме мерки во однос на ширењето заразни болести, имавме акутно труење со храна, освен 72 случаи тоа не се дозволи да се прошират заразните заболувања од тој центар на ниво на нашата општина. Имавме десетина случаи на варичела, појава на шуга и акутно труење со храна и ентероколити – вели др. Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје.

Многу невладини организации, Цревниот крст и полицијата и војската беа дел од бегалскиот бран. Според податоците на Министерството за внатрешни работи само во 2015та година од јуни до септември бројката на оние кои транзитирале низ македонска територија надмина 90 илјади.