Стабилно и топло време во наредните денови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во претпладневните часови во јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 25 до 31 степен целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме претежно сончево време со минимална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен, односно североисточен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 28 степени целзиусови.

За време на викендот и во почетокот на следната недела ќе преовладува стабилно и топло време.

 

Loading...