Спасовски: За компаниите по 1.900 денари по работник за минимална плата од 16.000 денари (фото)

Сподели со своите пријатели

Носителот на листата на СДСМ и коалицијата во втората изборна единица, Оливер Спасовски денес на прес конференција во центарот на Куманово се сретна со граѓаните, а притоа промовираше и неколку мерки кои ќе бидат во интерес на работниците во Република Македонија.

 

Loading...

20161127_133420

 

Во првите четири месеци од мандатот ја зголемуваме минималната плата на 12.000 денари и таа ќе биде толку и во текстилната и во кожарската индустрија. Работниците во овие институции со години се дискриминираат и земаат помалку од законски пропишаната минимална плата. За да ја постигнеме оваа мерка ќе ги помагаме компаниите со по 1.900 денари месечно за секој вработен, за секоја фирма да може да подели минимална плата без да има дополнителни трошоци. Преку овој план за живот во Македонија имаме јасна цел за платите. До крајот на мандатот минималната плата да изнесува 16.000 денари, а просечната плата да биде 30.000 денари. Просечна плата од 30.000 денари значи семеен буџет од 60.000 денари или 1.000 евра во семејство каде што има двајца вработени. Тоа е пристоен семеен буџет кој ќе овозможи пристоен живот и покриен месец – рече Спасовски.

20161127_133411

 

Како што потенцираше Спасовски со овие мерки ќе се покачи животниот стандард на граѓаните, но и ќе се спречи масовното иселување од целата држава.

 

20161127_133413 20161127_132447 20161127_132312