Сончев и топол викенд, големо невреме од вторник

Сподели со своите пријатели

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 28 степени целзиусови.

Синоптичарите на Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат за можно големо невреме кое во вторник би ја зафатило територијата на Република Македонија.

Од вторник па се до крајот на наредната недела, подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни бранови од Медитеранот од кои се очекува да наврнат поголеми количини на воден талог. На повеќе места и повремено процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради зголемената облачност и присуството на зголемена влажност во воздухот ќе има значително намалување на температурата.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Да се превземат соодветни активности за заштита од поплави.