Следуваат денови со стабилно и топло време за овој период од годината

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува  слаб до уметен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието и источните делови. Минималната температура ќе се движи од 5 до 10 степени, додека јависоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервал од 19 до 24 степени целзиусови.

Куманово и околината денес ќе имаат сончево време со мала облачност и сосема слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе го достигне 22-от степен, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти на 7 степени целзиусови.

Под влијание на стабилна и топла воздушна маса од југо во наредните денови ќе преовладува стабилно и многу топло време за овој период од годината.