Излезноста во Куманово до 10 часот е 9,28%

Сподели со своите пријатели

Вкупно 7.776, односно 9,28% од од 89.427 граѓаните во Општина Куманово со право на глас во втората изборна единица го оствариле своето право на глас до 10 часот, објави Државната изборна комисија.

Според до сега обработените податоци најголема излезност во Општина Куманово има на избичкото место број 1100 каде правото на глас го оствариле 21,81% од гласачите, а најмала излезесност од 1,34% има на избирачкото место број 1061/1.

Излезеноста во општина Липково заклучно 10 часот изнесува 4,02% што е и најмала излезеност во втората изборна единица. Во Старо Нагоричане гласале 10,11% од гласачите. Најмногу гласачи своето право го оствариле во Ѓорче Петров каде гласале 12,90% од лицата со право на глас во втората изборна единица.

Што се однесува во целата држава најголема е излезеноста во третата изборна едница 11,36%, а најмала во шестата изборна единица каде до 10 часот гласале 5,10% од граѓаните.