Изборите течат во мирна и демократска атмосфера (фото)

Сподели со своите пријатели

Изборниот процес во Општина Куманово засега се одвива во мирна и демократска атмосфера. Граѓаните го остваруваат своето граѓанско право на глас, а во избирачкото место 1046 до сега гласале околу 15% од граѓаните.

До сега од вкупниот број гласачи 557 гласачи излезени се околу 214, не околу, туку точко 2014 гласачи до сега има излезеност, задоволни сме од излезеноста претпладнето. Граѓаните го знаат избирачкиот процес, до сега немавме никаков проблем, или некаков инцидент и мислам дека до сега барем се навистина изборите деократски – изјави Николина Милевска, претседател на зибирачко место 1046.

Loading...

 

И граѓаните очекуваат мирни и демократски избори, а од победниците очекуваат да го реализираат ветеното во предизборната кампања.

Го остварив граѓанското право, мојот глас и очекувам да победи најдобрата партија. Очекувам да има подобрување во инфраструктури, во пензии, плати, вработување и слично – изјави граѓанин кој го оствари избирачкото право.

 

Од општинската изборна комисија немаат процентуална излезеност за по 10 часот во Општина Куманово, додека од Општина Липково излезеноста е околу 22%.