Денеска сончево и топло, од четврток дестабилизација на времето

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сoнчево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималнит етемператури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 28 до 35 степни целзиусови. УВ индексот ќе има вреднсот 8.

Во Куманово денес ќе имаме сончево време со мала облачност, но претежно топло со температура до 30 степени. Ќе дува слаб северен ветер, а УВ индексот ќе изнесува 6.

До вторник ќе се задржи стабилно, сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, а температурата ќе бидe во благ пораст. Во среда кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен локален дожд, а во четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Услови за локален дожд во јужните делови од земјава ќе има и во петок претпладне, а потоа се очекува стабилизирање на времето.