Денес умерено облачно, ноќва дожд во северните делови

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните тенмператури ќе бидат во интервал од 5 до 12 степени, додека највисоката дневна температура ќе се движи од 13 до 18 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме претежно облачно време со сосема кратки сончеви периоди. ќе дува умерен ветер од јужен, односно југоситочен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 13 степени целзиусови, која во текот на ноќта ќе опадне на 8 степени за кога се очекуваа и врнежи од дожд.

Во текот на ноќта и во среда претпладне ќе има врнежи од дожд, кои во северните делови повремено ќе имаат умерен интензитет. Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен југоисточен ветер, а локални врнежи од дожд се очекуваат во петок и во сабота.