Авион исчезна над велешко, МВР се уште во потрага

Сподели со своите пријатели

Приватен авион паднал во атарот на селото Ветерско во близина на Велес, откако пред 18 часот истиот исчезнал над небото на Скопје, но од Министерството за внатрешни работи се уште нема потврда дека истиот е лоциран.

Според досегашните информации на порталите е дека станува збор за италијанскиот авион од марката „Пајпер“ кој возел со германски регистерски таблички бил регистриран за двајца пилоти и плус пет патници, но не се знае колку луѓе се возеле во него покрај пилотот.

Последен пат авионот контакт имал со кулата во фаза на слетување, а се претпоставува дека намалената видливост и дождот со лошо време е причина за несреќата.

Авионот пошол од Тревизо, Италија. Екипите на МВР попладнево трагаа по авионот, а со своите спасувачки екипи се вклучил и аеродромот ТАВ, пожарниакри и медицински екипи.

Како што објави ТВ НОВА во својот директен пренос истиот се урнал во близина на катлановско каде пред неколку години загинаа македонски пилоти во хеликоптерска несреќа.