АХВ: Немаме информации за небезбедни чоколатца на македонскиот пазар

Сподели со своите пријатели

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку писмено соопштение ја информира јавноса дека нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ дека чоколатцата Марс, Сникерс, Милки веј, Веј минис и Минијатурис се небезбедни.

„Агенцијата е во тек и ги следи информациите за повлекувањето на дел од овие производи од германскиот пазар од страна на компанијата производител, поради појава на пластика во производите“, се вели во соопштението од Агенцијата.

Понатаму се додава дека доколку добие нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ дека небезбедни производи од овој производител се наоѓаат на македонскиот пазар, АХВ ќе постапи соодветно и ќе ги отстрани од пазарот.