03.08.2015 14:39

Зошто за некого се вели дека станал на лева нога?


Дали сте приметиле дека оваа необична фраза често ја има кај многу народи и јазици?

Таа настанала пред многу векови, но од доста интересна причина.

loading...

Сите знаеме што значи кога некој ќе ни каже дека сме станале на лева нога – нерасположени сме и непријатни без некоја посебна причина. Меѓутоа, малку се луѓето кои го знаат точното потекло на овој израз, пренесува National Geographic.

Во сите народни верувања десната и левата страна не се еднакви. Десната е права, посилна, понапредна, а левата послаба, уназадена и несреќна. Запишано е дека Стефан Немања пред да почине рекол:

„За патиштата на десната страна знае Бог, а на левата страна се патиштата ѓаволски и развратни.“

Исто така се мисли дека оној што станал на лева нога, уште од изутрината згазнал на нешто зло и затоа за некој што е нерасположен во текот на целиот ден велиме дека станал на лева нога.

Имено, изразот потекнува од Старите Римјани – баш како и многу други обичаи и фрази кои опстојуваат со векови и милениуми откако Римјаните ги запишале сите тие теории.

Објаснувањето е прилично едноставно: левата страна во Рим е сметана за лоша, зла и баксузна. Од таа причина се верувало дека со станување од креветот така што најпрвин до земјата ќе допре левата нога ќе предизвика целиот ден да помине лошо.

Оваа верување, исто така е причина што Римјаните во куќите влегувале преминувајќи го прагот најпрвин со десната нога за да го избегнат злото.

Интересно е што англискиот збор sinester, што значи злокобен, настанал од латинскиот збор sinester што значи „лево“.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments