Зошто во Новата година треба да влезете со долна облека во црвена боја?

Сподели со своите пријатели

Некои од новогодишните верување всадени се во нашите умови уште од нашето детство.

Воедно едно од нив е дефинитивно она кое вели дека испод нашата добро осмислена новогодишна гардероба, мора да имаме црвена долна облека.

Она што наводно во идната година ќе ни биде осигурано преку овој обичај е среќата, што посебно се однесува на љубовен план.

Освен верувањата за заводливата долна облека, Новата година сигурно е еден од датумите кои се врзуваат со најголемите обичаи и разни мали ритуали, а во продолжение прочитајте дел од нив.

Доколку сакате среќа во предствојната година, истата треба да ја започнете со чистатање на личност од спротивниот пол.

Исто така, во Новата година не треба да влегувате со долгови затоа што ќе ве пратат во текот на целата година.

Не смеете ништо да изнесете од вашиот дом, па дури ниту да исфрлите ронки од масата. Во спровитно следува година без пари.

Освен тоа, доколку Новата година ја дочекате со полн паричник, во нова облека, бидете сигурни дека пред вас се среќни 365 дена.

Освен тоа, во полноќ чашата никако не треба да ви биде празна.

И на крајот, погрижете се да бидете среќни и насмејани за време на дочекот затоа што расположението од тогаш ќе ве следи во целата година.