Британска астронаутка тврди: Вонземјаните постојат и можеби веќе се на Земјата

Сподели со своите пријатели

Вонземјаните постојат и можно е тие веќе да се меѓу нас на Земјата, вели Хелен Шерман, првиот жена астронаут во Велика Британија.

Loading...

Таа за списанието „Обсервер“ изјави дека некаде мора да има живот во универзумот, пренесува Би-Би-Си.

„Вонземјаните постојат, тоа е сигурно“, рече Шерман, додавајќи дека има „несомнено многу животни форми“ меѓу милијарди sвезди во вселената.

Оваа педесет и шестгодишна хемичарка вработена во лондонскиот колеџ „Кингс“ испиша историја кога ја посети советската вселенска станица „Мир“ во 1991 година.

Смета дека вонземјаните веројатно не се како луѓето.

„Можно е тие да се веќе меѓу нас и ние едноставно не можеме да ги видиме“, вели Шерман.

Во едно интервју, таа истакна дека е фрустрирана што медиумите обично пишувале за неа како „прва Британка во вселената. Јас всушност бев првата личност во Велика Британија во вселената…. инаку веднаш би претпоставиле дека станува збор за маж“.

„Кога Тим Пик влезе во вселената, некои само заборавија на мене. Би било „нормално“ мажот да заминал прв, па можам да кажам дека сум среќна што сум го нарушила тој редослед“, рече таа.

Loading...

Од седумте Британци во вселената, Шерман прва патувала таму.

Како дваесет и седумгодишна жена, хемичарката поминала осум дена во вселената, со што стана една од најмладите што престојувала во вселената.

Поради фактот што таа беше во вселената, сфатила дека луѓето се важни во животот, а не материјалните работи.

„Горе таму, имавме сè што ни требаше за да преживееме, соодветна температура, храна, пијалок, безбедност. Јас воопшто не размислував за физичките работи што ги поседувам на Земјата. И кога летавме над одредени делови на планетите, секогаш размислувавме за луѓето што ги сакаме”. , додава Шерман.


Leave a Reply