Зошто смеењето понекогаш е толку заразно? Еве што вели науката!

Сподели со своите пријатели

Сигурно некогаш сте доживеале ситуација кога некој почнал да се смее, а веднаш потоа и вие самите.

Loading...

Еве зошто смеењето е толку „заразно“.

Истражувањето на научниците од САД ја објаснува заразноста на смеата, но и механизмите на емпатијата.

За да разбереме дека некој е среќен, ние несвесно го имитираме неговиот израз на лицето, евоцирајќи спомени за нашата сопствена радост. Ова е резултат на новото истражување на Универзитетот во Висконсин – емпатијата доаѓа преку несвесна мимикрија на лицето.

Пола Нидентал и Едриен Вуд, психолози од Висконсин кои го спровеле ова истражување, велат дека оваа постапка се случува во секоја ситуација во која се чита туѓо лице.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СНИМКА КОЈА ГИ РАСПЛАКА СИТЕ: Се омажи во болница за да ја исполни последната желба на татко ѝ

 

 

Loading...

По ваквото читање, многу суптилно и несвесно го пробуваме истиот израз, а разбирањето на емотивното значење доаѓа за неколку десетици секунди. Ова ја објаснува и заразноста на смеата, освен што според Нидентал и Вуд, смеата е заразна затоа што сите ги потсетува на работи кои за нив се духови.

Проблеми се јавуваат ако е намалена способноста за имитација или ако е отежната перцепцијата на туѓите лица.

Нидентал и Вуд откриле дека различните појави кои го отежнуваат изразот на лицето, како парализа на лицето или оштетување на нервите поради пластична операција, предизвикуваат и проблеми во емпатијата.

Луѓето со аутизам имаат поинаков проблем – најчесто недостаток на контакт со очите. Меѓутоа, според Нидентал, доколку внимателно се предизвика, резултатот може да биде спонтана или автоматска мимикрија на лицето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Слон се прошета низ центарот на градот (ВИДЕО)

 

 

Ако некој цел живот имал еден од овие проблеми, како на пример лице со вродена парализа, тогаш потешко е да се забележи намалена способност за сочувство – ако таа е воопшто намалена.

Loading...

Претпоставката на овие двајца научници е дека во такви случаи се развива алтернативен (компензаторен) систем на перцепција на емоции и емпатија.

Темата на имитацијата како алатка за разбирање на светот околу нас веќе некое време е тема на истражување низ когнитивните науки.

Еден од главните извори на популарност на оваа тема е откривањето на т.н. огледални неврони, неврони кои се активираат на ист начин без разлика дали соодветната активност е извршена или само набљудувана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СНИМКА КОЈА ГИ РАСПЛАКА СИТЕ: Се омажи во болница за да ја исполни последната желба на татко ѝ