Зошто швајцарското сирење има големи и мисториозни дупки? (видео)

Сподели со своите пријатели

Луѓето ширум светот отсекогаш се прашуваат зошто швајцарското сирење има познат карактеристичен изглед. Се испоставува дека токму тие дупчиња во него се клучни за неговото производство. Доктор Мајкл Руник, автор на снимката „Науката за сирењето“, објаснува зошто се прават овие дупчиња.

Шјвацарското сирење припаѓа на видот кој има дупки во себе, а кои се познати како очи.

Настанувањето на овие дупки во некои сирења не е случајна работа туку е последица на присуството на микрочестичките сено во млекото – наведуваат експертите.

Тие напоменуваат дека со дозирање на честичките, млекарите можат да го контролираат бројот на дупчиња во сирењето.

Видот на бактерија во сирењето ја произведува нешто што се нарекува пропионска киселина. Таа исто така произведува и гас јаглерод диоксит, а тие мали меурчиња од гасот се насобираат.

Бидејќи во целост не за зацврстил, се формираат „очи“ во внатрешноста на сирењето. Постојат и одредени видови кои намерно се прават да ги имаат дупчињата, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Грујер е уште едно сирење кое има дупчиња во себе, а многу друи имаат само мали прорези. Сирењето без дупчиња во стручните кругови се нарекува „слепо“ сирење.

Loading...