Зошто се јавува карактеристичниот мирис во воздухот по дождот?

Сподели со своите пријатели

Веројатно некогаш сте се запрашале доколку сте се нашле на отоврен простор веднаш по дожд, зошто така мирисва воздухот?

Loading...

Научниците конечно откриле како доаѓа до оваа појава воздухот да мириса така пријатно. пред да падне на земја, дождот е само вода, течност без боја, мирис и вкус.

Но, откако дождот ќе го додирне тлото, доаѓа до интеракција помеѓу камите вода и земјата.

Овој мирис дури има и имет „петричор“ (petrichor). Зборот потекнува од грчките зборови „петра“, односно камен, и ичор, што претставува флуид кој како крв тече низ вените на боговите.

Феноменот првин го објасниле двајца австралиски научници во дачелната 1964 година, но до сега не бил познат начинот како доаѓа до истиот.

Според овие научници, карактеристичниот мирис на дождот настанува како мешавина од масло кое го испуштаат растенијата по подолг сушен период, а кој со помош на дождот се меша со вода и така испарува во воздухот.

Loading...

Што се однесува до механизмот на делувањето, работата е во тоа што кога дождовната капка ќе падне на земја таа во себе „заробува“ малку воздух.

Овие меурчиња тогаш се движат како оние во шише шампањско, се додека не пробијат на површината и таму испуштат микроскопски честички, познати како аеросол. Научниците по новите истражувања сметаат дека тој аеросол во себе ја носи познатата арома на дождот, откако престануваат врнежите.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *