Британското Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина.
Во него се наведува дека има најмалку 23 потврдени загуби на руски јуришни хеликоптери Ка-52 ХОКУМ во Украина од почетокот на инвазијата.
„Ова претставува повеќе од 25% од воената флота на руските воздухопловни сили од 90 Ка-52 и речиси половина од вкупните загуби на руски хеликоптери во Украина. (MANPADS), додека хеликоптерите често работат со помалку конзистентна горна покривка од борбените авиони, што не би се очекувало според руската воена доктрина“, се вели во извештајот.
Понатаму, британското разузнавање известува дека Русија сè уште не успева да одржи соодветна воздушна супериорност за сигурно да обезбеди ефективна блиска воздушна поддршка во близина на линијата на фронтот, и дека нејзината артилериска муниција е при крај.
„Руските команданти веројатно сè повеќе прибегнуваат кон извршување мисии со високоризични напади со хеликоптери како една од ретките достапни опции за обезбедување блиска поддршка на војниците во борбите“, велат разузнавачките извори.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 25 October 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/bZmLpOMrm8
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/xz5YZDfgkT
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) October 25, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.