Зошто пилотот и копилотот никогаш не јадат иста храна?

Сподели со своите пријатели

Иако оваа пракса не е пропишана со закон, по правило, таа е усвоена од самите авиокомпании со цел подобро да ги заштитат своите патници.

Loading...

Безбедноста на патниците во авионот е скоро целосно во рацете на персоналот, така што пилотите на комерцијалните летови мораат да почитуваат одредени работи, но тие можат да влијаат и на многумина.

Пилот објави она што другите не го гледаат: Слетување од поинаква перспектива (ВИДЕО)

 

 

На пример, пилотите обично можат да изберат копилот со кого би сакале да летаат, а исто така имаат можност да изберат личност со која не сакаат да ја делат пилотската кабина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЕЛЕКТИВЕН МУТИЗАМ: Може да разговара само со три лица во целиот свет!

Сепак, некои правила не смеат да бидат прекршени на кој било начин, а едно од нив вели дека пилотот и копилотот не смеат да јадат иста храна.

Loading...

Иако правилото на почетокот може да изгледа чудно, има многу добри причини за тоа и, се разбира, тие се од безбедносен карактер.

На пример, ако нешто тргне наопаку со оброкот на едниот пилот и тој е отруен од храната, другиот пилот нема да ја има истата судбина и ќе може да ја преземе контролата над авионот.

Важно е да се додаде дека оваа практика не е пропишана со закон, но по правило ја донесуваат самите авиокомпании со цел подобро да ги заштитат своите патници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Среќник на американската лотарија освои вртоглави 1,13 милијарди долари

 

 

Од што се плашат пилотите кога летаат, а патниците немаат претстава за тоа?

Исто така, на пилотите им се препорачува да избегнуваат одредена храна пред летот, како што е суровата риба.

Loading...

Труење со храна на летовите е ретко, но пријавени сенекои случаи. Најпознат е оној од 1982 година, кога дури 10 члена на екипажот, вклучително и пилотот и копилотот, биле отруени со расипан пудинг, и да биде работата уште полоша, станувало збор за прекуокеански лет Њујорк – Лисабон.

Сепак, и тогаш пилотите ја задржале присебноста и успеале да се вратат во Бостон.