Зошто пиењето чај треба да биде секојдневен ритуал?

Сподели со своите пријатели

Многумина од нас пијат чај само кога се настинати. Меѓутоа, има многу причини зошто треба да пиете чај и зошто тоа треба да ви биде секојдневна навика.

Loading...

Освен што е добар за здравјето, тој содржи кофеин кој е добар стимулатор на енергија во телото.

Нова студија спроведена во Сингапур покажа дека луѓето кои во изминатите 25 години пијат чај четири пати неделно, имаат подобри мозочни функции.

Во истражувањето учествуваа 36 луѓе постари од 60 години, а научниците ги анализираа нивните невролошки податоци, здравјето, животните навики како и психолошката состојба.

Според резултатите, луѓето кои во изминатите 25 години пијат зелен чај четири пати неделно, имаат подобри мозочни функции од оние кои не пијат воопшто.

„Нашата студија е прва која докажува дека консумирањето чај влијае на структурата на мозок. Чајот го штити мозокот од намалување на мозочните функции“, вели авторката на студијата Фенг Леј.

Освен тоа што влијае позитивно на мозокот, зелениот чај го намалува ризикот од срцеви заболувања, рак и дијабетес, покажа студијата која е спроведена на Харвард.

Leave a Reply