Истражувањата покажуваат дека постои научна причина поради која имате потешкотии да одржите контакт со очите со лицето со кое разговарате. Ако го имате обој рпболем, не се чудни, виновник е мозокот, тврдат научниците, а пишува playtech.ro.
На мозокот му изгледа дека е тешко да ги изврши овие две задачи истовремено, т.е. да се фокусира на човечкото лице и да пронаоѓа вистински зборови истовремено. Ова станува уште поочигледно кога некој се обидува да внесе помалку познати зборови во разговорот. И тогаш се вложуваат напори да се одржи контакт со очите.
Истражувачите од Универзитетот во Кјота користеле 26 доброволци да играат повеќе игри, додека мораат да гледаат во компјутерски создадени лица. На учесниците им било тешко да воспостават врска помеѓу зборовите додека одржувале визуелен контакт, наведува Science Alert.
Иако визуелниот контакт и вербалната обработка изгледаат како два независни процеси, луѓето почесто го свртуваат погледот во текот на разговорот, што сугерира на истражувачите дека постојат повеќе врски помеѓу овие два процеси.
Потешко е да се зборува додека гледате некого во очи.
Учесниците во студијата се тестирани додека компјутерски генерирано лице гледало кон нив, како и кога гледало во друга насока. На волонтерите им било потешко да ги идентификуваат вистинските зборови кога одржувале контатк со очите. Меѓутоа, разлики се покажуваат во зависност од тежината на барањата. На пример, кога се работи за полесни задачи кои вклучуваат користење на поедноставни зборови, учесниците полесно се соочуваат со ситуацијат.а но, кога морале да работат со потешки термини, поврзувањето на зборовите со нив станал потешка задача, особено под притисок за одржување на визуелен контакт.
Истражувачите се соменваат дека неодлучноста на учесниците, кога се работи за потешки задачи, настанала поради невозможност на мозокот да обработува повеќе информации истовремено.
Значи, иако можете да одржувате визуелен контакт и да го водите разговорот во исто време, студијата покажува дека секоја од овие две задачи троши когнитивни ресурси, а понекогаш го преоптеретува когнитивниот систем кој мора да се носи со мноштво стимулатинси однадвор.