13.05.2019 14:45

Зошто не можеме да му одолееме на чипсот?


Психолози од Унивеерзитетот „Lancashire“ спровеле две студии за поврзаноста измеѓу досадата и храната, а резултатите биле претставени на годишната конференција на Британското здружение на психолози.

Во првата студија замолиле 52 испитаници да исполнат прашалник за преферирани јадења пред и откако ја завршиле досадната задача на препишување едни исти букви.

loading...

Од друга група 45 испитаници побарале да гледаат интересен па досаден видео прилог, а пред нив сотеле чинии со здрави и „нездрави“ грицки.

Резултатите од правата студија покажале дека луѓето повеќе јадат чипс, слатки и други нездрави грицки по обавена досадна задача, а резулаттите од втората студија покажуваат дека многу повеќе нездрава храна се внесува при гледање досаден филм.

 Овие резултати се во согласност со претходни истражувања кои упатуваат на тоа дека со заблажена и мрсна храна се задоволуваме кога ни е досадно. Тоа оди во прилог на претпоставката која до сега беше поврзана со ниско ниво на стимулативен хормон допамин и дека луѓето настојуваат да го подигнат со мрсна или слатка храна, но не можат да се решат од досадата на некој друг начин – рекол водечкиот автор на студијата др. Санди Ман.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments