Зошто луѓето озборуваат: Постојат 5 причини зошто ви зборуваат зад грбот!

Сподели со своите пријатели

Без разлика дали сакате да зборувате за она што се случува во вашето соседство или да ги следите најновите озборувања за познатите личности, повеќето луѓе имаат заедничко дека сакаат да озборуваат.

Loading...

Имаме уште едно заедничко – повеќето од нас ќе речат „не озборувам“…

Па, повеќето луѓе се занимаваат со тоа, и како што покажа една студија од 2019 година, ние просечно поминуваме 52 минути за да се занимаваме со животот на другите луѓе.

Сигурно сега се прашувате зошто? Постојат неколку причини…

 

 

Потребно ни е чувство на блискост

Loading...

Луѓето кои зборуваат за другите често се убедени дека озборувањето е форма на интимност. И на некој начин, тоа е.

Меѓутоа, градењето меѓучовечки односи засновани на озборувања не е добра идеја, бидејќи, ако сте способни да озборувате за другите, ретко кој ќе има целосна доверба во вас.

Ние сме несигурни за себе

Ако некој не може да престане да ги критикува другите, тоа е главно знак дека е крајно самокритичен. Колку сте поблаги кон себе, толку понежни ќе бидете кон другите, и обратно.

Луѓето кои немаат потреба да озборуваат за другите се самоуверени и имаат поздрави начини да се справат со фрустрациите.

 

 

Loading...

Осамени сме и здодевно ни е

Понекогаш луѓето не се чувствуваат безбедно во врска или меѓу пријатели. Со други зборови, тие се осамени или можеби им е здодевно со сопственото секојдневие, па бараат нешто интересно во туѓите животи за разговор.

Ние шириме информации

Озборувањата не мора секогаш да бидат негативни.

На пример, неодамна започнавте да работите во нова компанија, каде што повеќето од вашите колеги работат долго време. Ако некој колега ви даде информации дека шефот мрази да доцните, тоа може да биде корисна информација за вас.

Тоа е таканаречен про-социјален тип озборувања, што е добро и може да помогне и придонесе за подобра соработка помеѓу луѓето.

Се плашиме да работиме на себе

Наместо преиспитување на некои од нивните постапки, на луѓето им е многу полесно да се потпрат на озборувања за да добијат некаква само-афирмација.

Loading...

 

 

Експертот Сузан Кулаковски за YourTango рече дека „го потврдуваме нашето мислење кога личноста со која озборуваме се согласува со нашето мислење“.

Сепак, таа предупредува дека не можеме да научиме ништо за себе кога озборуваме.

„Озборувањето значи да се потврди мислењето: “Во право сум. Во право сме. Нема потреба да го отвораме умот за нови идеи и искуства “.

Loading...