Зошто концептот „пријател со бенефиции“ не функционира за жените?

Сподели со своите пријатели

Пријатели со бенефиции – претставува договор помеѓу две лица да бидат повеќе од пријатели, но помалку од луѓе во врска.

Loading...

Идејата во форма на „пријатели со привилегии“ се смета за подеднакво корисна и за жените и за мажите. Сепак, бидејќи жените и мажите се две суштински различни суштества, и биолошки и психолошки, оваа идеја всушност не функционира за секого на ист начин.

Мажите се оние кои имаат корист

Овој концепт ја елиминира потребата на мажот да работи околу вас. Без заведување, без нежни зборови и малку знаци на внимание, со фокус исклучиво на сексот.

Пријатели со бенефиции е она што скоро секој маж би сакал да го избере наместо вистинската врска.

 

 

Loading...

Залудно трошење време и енергија

Концептот на пријателство се менува целосно кога станувате со некого – пријател со бенефиции. Ако имате различни очекувања во таа приказна, тајно надевајќи се дека овој вид на врска ќе се претвори во нешто повеќе, вие всушност само го трошите вашето време и енергија.

На крајот ќе станете љубоморни

Ако често се гледате со дадената личност и практикувате интимно дружење, со текот на времето ќе станете љубоморни ако сфатите дека тој има некој друг покрај вас.

Љубомора може да се појави и ако зборува за девојка што му се допаѓа, со која не е ни во врска, бидејќи меѓу другото ве смета за пријател.

 

 

Loading...

Таа ве посакува

Секој што влегува во врска без обврски наречено пријателство со бенефиции, треба да биде свесен дека лицето со кое има интимен контакт не сака од него ништо повеќе од тоа.

Значи, вие сте само таму за корисно да му го пополните времето додека не наиде на некој што целосно му одговара со кого ќе сака врска.

Leave a Reply