Зошто јадеме повеќе додека гледаме телевизија?

Сподели со своите пријатели

Немојте да го оставате вклучен телевизорот додека јадете, кога гласните звуци го надминуваат звукот на вашето џвакање, можно е да јаете повеќе, покажало новото истражување на Универзитетот „Brigham Young i Colorado State“.

Луѓето на кои звукот на телевизорот го надминал оној на џвакањето, изеле 35% повеќе од грицките од оние кои слушале потивки звуци.

Истражувачите сметаат дека звукот на крцкање и џвакање ја зголему свесноста за тоа колку јадете, што ви помага да изедете помалку, вели коавторката на исттражувањето др. Гина Мохр.

Би требало едноставно да се сконцентрирате на својот оброк. Во друго истражување, луѓето кои се фокусирале на звукот на џвакањето изеле помалку од оние на кои ништо не им било кажано. И едните и другите биле во опркужување со иста јачина на звук.

Имајте го тоа на ум следниот пат кога ќе одите во кафетерија или ресторан со гласна музика.

Поентата е во свесноста, вели др. Морх. Што повеќе ќе се сконцентриране на она што го јадете со сите свои сетила помала е веројатноста дека ќе се прејадете.