Зошто иритантните песни ни се врежуваат во главата и постојано ги пееме во себе?

Сподели со своите пријатели

Колку пати сте слушнале песна што ви е врежана длабоко во меморијата иако можеби не ви се допаѓа премногу или дури и ве нервира? Некои овој феномен го нарекуваат „earworm“ што во превод би значело – ушен црв или глиста.

Loading...

– Во суштина, earworm или црв е вашиот мозок што пее. Ова се случува често и обично е неутрално или пријатно искуство. Но, може да биде и досадно, вели Викторија Вилијамсон, експерт за музика и мозок.

 

 

Џејмс Келарис, професор по маркетинг на Универзитетот во Синсинати, е познат како „Д-р Ервом“ затоа што повеќе години проучувал луѓе на кои им се повторувале делови од некои песни во мозокот.

– Открив дека дури 98 проценти од нас доживуваат earworm (обично отпеани, а не инструментални мелодии). И мажите и жените се склони кон тоа, но жените имаат поголема веројатност дека песната во главата ќе трае многу подолго, до моментот кога ќе почне да ги иритира – објасни професорот.

Тој додаде дека музичарите и луѓето кои премногу се грижат се повеќе склони кон тој феномен.

Loading...

 

 

Постои „пријателски“ дел од мозокот кој препознава кога нивото на стрес во организмот почнува да се зголемува. Истиот дел има начини да се неутрализира тој стрес, а еден од нив е активирање на earworm.

Тоа е всушност начинот на кој вашиот мозок се обидува да ве одвлече од стресни ситуации.

– Значи, секоја досадна ушна буба всушност се појавува со добри намери. Со реализација на ова ќе ја вратите својата сила. Earworm се безопасни и само се обидуваат да ви помогнат да ја промените брзината и да забавите – вели професорот Келарис.

Првиот чекор е да разберете дека овој earworm се чини дека ви помага, а вториот – кога ќе се појави, само оставете го да помине, целиот отпор е залуден.

 

Loading...

 

– Наместо да се борите против тоа, оставете ја вашата ушна буба да се задоволи, а потоа концентрирајте се и намерно вртете ја целата таа песна во вашата глава. Обидете се да го „премотате“ неколку пати на почетокот и оставете го повторно да ви игра во умот до крајот – советува професорот.

Исто така, помага да се пренасочат мислите кон некоја сложена активност.

– Можете исто така да се ослободите од ушната буба со некои интензивни вербални активности, крстозбор или смислен разговор. Потребен е поинаков вид на работа на вашиот мозок отколку пасивно слушање музика. Кога ментално ја менувате брзината и му давате на вашиот мозок нешто ново и сложено за размислување, таа вознемирувачка мелодија во главата често полека згаснува – додава професорот.

 

 

Loading...

– И, конечно, не заборавајте дека, иако понекогаш се чини како измачувачко, ушната буба е всушност подарок. Тоа ви носи порака за намалување на нивото на стрес и ја отвора вратата за релаксација, само прифатете ја како подарок – заклучи тој.