Зошто и колку „Амазон“ им плаќа на работниците да дадат отказ?

Сподели со своите пријатели

Амазон има решение за работниците кои повеќе не сакаат да работат во таа компанија – им плаќа за заминување, пренесува CNBC.

Loading...

Еднаш годишно, Амазон им нуди на постојано вработените во центарот за дистрибуција максимум 5.000 долари да ја напуштат компанијата.

Амазон повторно највредна компанија, Ферари најсилен бренд во светот

Вработените имаат право на ова по една година работа во компанијата, но има и едно „лошо“: оние што ја прифаќаат понудата никогаш не можат да се вратат назад и да работат за „Амазон“.

„Ние сакаме во Амазон да бидат оние што навистина го сакаат тоа“, рече портпаролката на Амазон, Мелани Ичиз, за ​​CNBC.

„На долг рок, да останете некаде каде што не сакате да бидете не е здраво за работникот или за самата компанија“, додаде таа.

Основачот на Амазон донира 2 милијарди долари за сиромашните

Амазон нуди 2.000 долари на вработените кои минале една година во компанијата, а дополнителни илјадници долари за секоја година работење, до максимум 5.000 долари.

Loading...

Оваа програма, наречена Pay to Quit, за прв пат е дизајнирана од малопродавач на чевли Запос, која Амазон ја стекна во 2009 година.

Запос само ја проширил понудата на нововработените, во првите неколку недели од работата, со „бонус за заминување“ одреден на илјада долари.

Компанијата „Амазон“ има прашума за релаксација на вработените (ВИДЕО)

Амазон тврди дека навистина не сака работниците да ја прифатат понудата. Всушност, насловот на меморандумот гласи „Те молам, не ја прифаќај оваа понуда“, според основачот и извршен директор Џеф Безос.

Leave a Reply