Основачот на Амазон донира 2 милијарди долари за сиромашните

Сподели со своите пријатели

Основачот и директор на Амазон, Џеф Безос најави дека ќе издвои две милијарди долари за основање на фонд кој ќе помага да се отворат предучилишни установи во сиромашните квартови и да помогне на семејствата без домови.

Фондот ќе се вика „Bezos Day One Fund“, изјавил Безос, чиј удел во „Амазон“ вреди околу 160 милијарди долари.

Компанија на Џеф Безос изврши пробен лет на ракета

Loading...

На Твитер, Безос објави дека тој фонд финансиски ќе поддржува организации и групи кои пружаат засолниште и храна на млади семејства без домови.

Засега не е познато како ќе изгледаат тие предучилишни установи, освен дека ќе се базираат наф илозофијата на Марија Монтесори, пренесува АП.

Leave a Reply