Зошто Голф „кец“ беше толку популарен? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голф 1 е автомобил кој прерасна во срцето на многумина, но зошто?

Loading...

Серијата Голф 1 може да се најде на огласите за 250 евра, а кога се појави во 1974 година, Голф 1, со својот дизајн направен од Италијанецот Џорџо Џуџаро, беше потполно спротивен од тогашниот бестселер на Фолксваген – „буба“.

Заоблените линии на „бубата“ беа заменети со „квадратна“ форма на Голф, наместо моторот со воздушно ладење поставен во задниот дел, новиот продажен адут на VW имаше единица со водено ладење во предниот дел на возилото, а погонот е поместен од задните на предните тркала.

Дизајнот на овој автомобил инспирираше многу други модели како Ford Escort или Opel Kadet, но и многу други, а треба да се каже дека Golf 1 е продаден во повеќе од 6 милиони примероци …

Дури и во поранешна Југославија, се сметаше за домашен автомобил, бидејќи беше составен во Сараево и имаше ознака TAS …

Што се однесува до моторот, Голф 1 имаше различни мотори за различни пазари, од кои најпопуларниот беше 1,1-литарскиот со моќност од 50 КС, а исто така и бензинскиот 1,3-литарски со 60 КС.

Имаше и 1.5-литарски дизел мотор кој исто така има 50 КС, а имаше и помоќни верзии на 1.6 GTI од 110 КС и 1.8 GTI од 112 КС.

Интересен пакет од германски производител …

Loading...