Зошто Финска петта година по ред е најсреќна земја во светот?

Сподели со своите пријатели

Финска е најсреќната земја во светот петта година по ред!

Loading...

Според минатогодишниот извештај, жителите на 156 земји одговарале на прашања за тоа како живеат и колку се задоволни од животот, а некои од факторите земени во предвид се социјалната поддршка, животниот век, дарежливоста, отсуството на корупција…

 

 

Финскиот психолог Френк Мартела издвои три точки за кои смета дека се клучни за Финците да бидат среќни.

– Не се споредуваат со соседите, се грижат за сопствената работа, имаат висок степен на меѓусебна доверба и ја почитуваат природата.

Во Финска, постои добро позната реченица од еден поет:

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Телеграм наскоро ќе има над милијарда корисници

– Не се споредувај со другите, ниту фали со својата среќа.Видов еден од најбогатите луѓе во земјата како го турка својот син во количка до трамвајската станица, без разлика што има пари и за количката и за шоферот.Таму сите се однесуваат како обични луѓе и секој си поставува свои стандарди, без разлика колку се успешни другите или што имаат – изјави Мартела.

Зборувајќи за довербата, Мартела потсети на едно минатогодишно истражување кое покажа дека 11 од 12 изгубени паричници во Хелсинки биле вратени на нивните сопственици и дека Финците ја ценат чесноста.

Покрај тоа, Финците наоѓаат мир и релаксација во природата повеќе од другите народи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еруптираше вулкан што исфрла злато! (ВИДЕО)

 

 

Неписменост речиси и да не постои

Образованието е бесплатно и задолжително од 7 до 16 години. Неписменост речиси и да не постои.

Покрај редовното основно и средно образование, во Финска сè уште постојат народни академии и работнички институти.

Loading...

Училиштата за возрасни се приватни, општински или провинциски и се поддржани од државата.

Исто така, постои систем на средно фокусирани училишта како што се комерцијални, занаетчиски, технички, трговски и земјоделски.

Финскиот институт за високо образование вклучува 13 универзитети и неколку колеџи и училишта за обука на наставници со годишен упис од 205.000 студенти. Најголем е Универзитетот во Хелсинки.