Зошто Финците секоја година слават Ден на неуспех?

Сподели со своите пријатели

Од сите необични празници и национални денови во светот, еден од најчудните е Финскиот национален ден на неуспехот, кој се слави на 13 октомври.

Loading...

И логично, се поставува прашањето зошто народ со толку високи стандарди би посветил цел ден на славење и величење на неуспесите.

 

 

Првиот ден на неуспехот го одржаа студентите во 2010 година, со образложение дека на Финска во иднина ќе и требаат илјадници нови компании и работни места, но природниот страв од ризик спречил многумина да започнат сопствен бизнис и да почнат да ги остваруваат своите соништа.

Финците се успешни во она што знаат да го прават, но повеќето едноставно не сакаа да излезат од својата комфорна зона и да пробаат нешто ново. До еден момент.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марин: Војната покажа дека Европа не е доволно силна

 

Loading...

 

Тие решиле да ги свртат табелите – не само што го прифатиле неуспехот како опција, туку почнале и да го слават. Првата прослава привлекла големо внимание во јавноста. А во идејата ги поддржале  и управниот одбор на „Нокиа“, а подоцна им се придружиле и многу успешни луѓе и политичари.