Зошто елитните израелски борбени пилоти одбиле да учествуваат на воена вежба?

Сподели со своите пријатели

Пилотите на една од најдобрите борбени ескадрили на израелските воздухопловни сили одбија да учествуваат во воена вежба како форма на протест поради нивното несогласување со судските реформи во земјата.

Loading...

Иако првично најавија дека нема да дојдат во касарната, пилотите на елитната 69-та борбена ескадрила се согласиле сепак да се појават на аеродромот, каде што ќе разговараат за најавените законски измени.

Проблемот е што тие измени вклучуваат промени кои ѝ овозможуваат на владата да го контролира именувањето на судиите.

Дополнително, владата ќе може да ги поништи одлуките на највисоките судови, со просто мнозинство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

„Одговоривме на повикот на нашите колеги и ќе се пријавиме во базата. Имаме целосна доверба во нашите команданти и затоа продолжуваме да ѝ служиме на демократската држава Израел. Дури и надвор од нејзините граници“, се вели во изјавата на пилотите на ескадрилата која изврши напади врз сирискиот нуклеарен реактор во 2007 година.

Израелските медиуми оценуваат дека протестот на пилотите е само врвот на ледениот брег.

И други единици на израелските одбранбени сили изразија незадоволство поради реформите во правосудството и најавија учество на протести и бојкот на активностите.

Во меѓувреме, премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека протестите на воениот персонал се закануваат да ги загрозат темелите на израелското општество.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Околу 6.000 резервисти потпишаа петиција со која ја потврдуваат нивната посветеност да служат во одбранбените сили, истовремено барајќи војската да остане независна од политиката.