Зошто е важен калциумот за организмот?

Сподели со своите пријатели

Калциумот е најзасастапен минерал во човековото тело, и има неколку важни функции. Повеќе од 99% од вкупната содржина на калциумот се чува во коските и забите каде функционира за да обезбеди структура, а останатот 1% се наоѓа во крвта, мускулите, како флуид помеѓу клетките.

Loading...

Коската е подложна на континуирано надоградување, со постојано разградување и таложење на калциум во нова формација.

Рамнотежата помеѓу разградувањето и таложењето на калциумот е различна и е условена од возраста. Во периодот на детството има повисок степен на коскена формација а помалку разградување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Овошје кое го обновува вашето тело! Ова мора да го имате дома!

 

 

ВНИМАВАЈТЕ: Холестеролот е тивкиот убиец

Во раниот и средниот период од зрелоста овие процеси се речиси еднакви. Во староста и особено кај жените во постменопаузниот период процесот на формирање на коската е завршен и процесот на разградување е доминантен, што резултира со губење на коскената маса а со тоа и зголемување на ризикот од остеопороза.

Loading...

На прашањето дали доволно внесуваме калциум во нашето тело, научниците препорачуваат дневната доза на внесување на калциум да изнесува 1000 милиграми, за лица од 18-50 год.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  7 намирници кои ќе ви дадат енергија после лошо спиење

Што се однесува на лицата кои ја навршиле педесетата препораката е 1200 милиграми дневно.

 

 

Цреша – лек од природата подобар од аспиринот!

Калциумот е најмногу застапен во млекото, јогуртот, сирењето, а во големи количини е застапен и во житото, оризот, сојата, лиснатиот зеленчук како што е спанаќот, брокулата,кељот, во лососот, сардината, морските плодови, бадемите.