09.07.2019 15:14

Зошто дијамантите се толку скапи?


Дијамантските прстени не биле традиционални од секогаш, туку за веридби се подарувале и други работи. Меѓутоа, од кога компанија „ De Beers “ го започнала овој тренд пред еден век, дијамантите станале објект на желба на многумина ширум светот.

Индустрискиот експерт Едвард Џеј Есптајн објаснува дека дијамантите било многу ретки во 19 век, се додека во Јужноафриканската Република не бил откриен огромен кратер полн со дијаманти во градот Кимберлеј.

loading...

Затоа рудничката компанија „ De Beer“ стравувала затоа што дијамантите колку биле поретки толку нивната цена била повисока. Така, за да го спречат падот на цената на дијамантите, решиле да искористат само мали количини и да прават прстени во склад со бројот на Американци кои требало да се венчаат таа година.

Бидејќи оваа компанија контролирала 90% од производството на дијаманти во текот на 20 век, тоа имало големо влијание на ограничувањето на нивната количина, но и на нивната цена.

Маркетингот во тоа доста помогнал, вклучувајќи го овој благороден камен во филмови, како и во познатата песна на Мерлин Монро.

Сепак во денешно време се повеќе луѓе имаат барем едно парче накит со дијаманти. Тоа го прави многу поефтин кога некој се обидува да го продаде на јувелир, иако неговата цена на пазарот при купување и понатаму е доста висока. И натаму се прави фиктивна слика на голема реткост на дијамантите што и автоматски ја зголемува цената.

Уште една причина поради која посои контроверзија за дијамантите е терминот „крвави дијаманти“, а се однесува на ископување на овој благороден камен во земјите погодени со рат, каде профитот оди на воените групи, а не на работниците. Овој феномен е најголем во Африка, а иако многумина се имаат залагано за укинување на оваа практика, сепак ја окривуваат корумпираната власт во тие држави.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments