Зоран Ѓорѓиевски официјално кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово

Сподели со своите пријатели

Зоран Ѓоѓеивски повторно влегува во трката за градоначалник на Општина Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет на партијата донел одлука да му предложи на Централниот комитет кандидати за неколку градови, меѓу нив и за Куманово. Станува збор за лекарот Зоран Ѓорѓиевски кој по втор пат ќе се обиде да ја добие довербата на граѓаните.

За Струмица, кандидат за градоначалник е Марјан Бајрактаров, орален хирург, почитуван сограѓанин на струмичани, долгогодишен партиски активист, претседател на Општинскиот комитет и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. За Петровец, кандидат е актуелниот градоначалник Борче Митевски, за Велес, кандидат е актуелниот градоначалник Славчо Чадиев, за Кривогаштани, кандидат е актуелниот градоначалник Тони Заткоски, за Куманово, кандидат е пратеникот и поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски – изјави Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓеивски на минатите избори освои најмногу галсови во првиот круг, но во вториот загуби од Зоран Дамјановски од СДСМ.

Пред некое време на прашање на Кумановски Муабети, Зоран Ѓорѓиевски изјави дека нема да се кандидира за градоначалник до партијата.

Зоран Ѓорѓиевски ги отфрли шпекулациите за кандидатура за градоначалник на Куманово

Loading...