ЗОИ 2018: Норвежаните го освоија златото во штафета

Сподели со своите пријатели

Машката репрезентација на Норвешка го освои златото во штафета на четири по десет километри во скијачко трчање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Норвежаните во текот на целата трка беа втори, но шампионот од спринтот во Пјонгчанг, Јоханес Хоесфлот Клаебо во финишот го остави зад себе Русинот Денис Спицов и им донесе победа за Норвешка.

Олимпијците од Русија го освоија среброто, а Франција се пласираше на третото место пред Финска и Шведска.

Во моментов Норвешка со вкупно 25 медали е на врвот од листата со одличија, од кои девет се златни, колку што има и Германија (вкупно 17)./МИА

Leave a Reply