ЗОИ 2018: Келд Нојс стигна до второ злато

Сподели со своите пријатели

Холандскиот лизгач Келд Нојс го освои вториот златен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако триумфираше на трката на 1.500 метри.

Претходно тој беше најбрз и на трката на илјада метри.

Холандскиот олимпиец победи со време од една минута, седум секунди и 95 стотинки.

Среброто го освои Ховард Лоренцен од Норвешка, а трет беше Ким Тае-јун од Јужна Кореја.

Нојс на овој начин ги обедини титулите светски и олимписки шампион во двете дисциплини./МИА

Leave a Reply