ЗНМ: Пешевски да поднесе оставка по нападот на новинарот Ивановски

Сподели со своите пријатели

Здружението на новинарите на Македонија силно го осудува физичкиот напад врз новинарот Саше Ивановски од вицепремиерот Владимир Пешевски, со кој е загрозено здравјето и физичкиот интегритет на еден новинар.

Loading...

Насилството против новинарите во едно демократско општество, е насилство против слободата и демократијата, се вели во соопштението на ЗНМ.

Жртви на тоа насилство не се само новинарите, туку и самите граѓани, кои имаат право да се информираат од медиумите како нивните претставници ја практикуваат власта.

Вицепремиерот очајнички се обиде со тупаници да замолчи новинари да не поставуваат незгодни прашања на власта и насилно да ја ограничи слободата на медиумите.

Го повикуваме Пешевски веднаш да поднесе неотповиклива оставка затоа што веќе е недостоен да извршува таква висока функција во Владата.

Очекуваме државниот јавен обвинител Марко Зврлевски да покрене постапка против Пешевски заради физичкиот напад врз новинарот Ивановски.

Од друга страна, ЗНМ го оценува како скандалозно соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод нападот врз Ивановски, со кое се легитимира насилството како средство за справување со новинари. Македонската јавност од функционерите на власта очекува одговори на поставените прашања, а не тупаници против новинари кои поставуваат прашања, се вели во писменото соопштение на Здружението на новинари на Македонија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.