Значење на 5 најчести соништа: Обрнете внимание кого и што сонувате!

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте сонувале за личност што не сте ја виделе со години, или за поранешен партнер?

Loading...

Лори Квин Левенберг, професионална аналитичарка за соништа, откри за порталот „Кат“ како да ги толкуваме луѓето и сценаријата што ни се појавуваат во соништата.

Без разлика дали станува збор за родители, колеги или дури и познати личности, подолу можете да го дознаете значењето на тие соништа.

 

 

Ако го сонувате поранешниот партнер

Поранешниот партнер кој најчесто се појавува во нашите соништа е нашата прва љубов. Можеме да ги сонуваме дури 50 години по раскинувањето. Причината зошто оваа посебна личност има тенденција постојано да се појавува во нашите соништа е дека „првата љубов“ во нашата потсвест симболизира страст, возбуда, желба да останеме заедно засекогаш и сите тие магични, младешки чувства.

Loading...

Ако вашата прва љубов ви се појави во сон, тоа може да биде знак дека вашата моментална врска е малку здодевна и дека треба да биде „зачинета“.

 

 

Ако во сонот ви се појави мајката

Луѓето сонуваат за својата мајка почесто отколку што сонуваат за нивниот татко. Всушност, во просек, секој добива облик на мајка во сон барем еднаш неделно.

Сепак, важно е да се запамети, особено кога разбирате што значат различните луѓе во сонот, дека сите фигури се всушност дел од вас. Умот што сонувал ќе ни покаже различни делови од нашата личност во форма на други луѓе.

Значи, ако сте и вие мајка, и ја сонувате својата мајка, тоа ќе ја претставува вашата улога како мајка. Обрнете внимание на тоа каква е таа е во сонот. Дали е вредна? Дали е болна? Дали умира? Дали е во неволја? Таа всушност е одраз на твоето мислење за себе си како мајка.

Loading...

 

 

Ако сонувате за вашите колеги

Ако станува збор за колега со кој работите секојдневно, тогаш вашиот ум веројатно игра ги процесира настаните од претходниот ден. Но, што ако е колега со кого не комуницирате често?

Левенберг го вели следново:

– Тие исто така претставуваат дел од вас. Затоа, запрашајте се, што е најимпресивното нешто кај тој колега? Кој е нивниот најголем квалитет? На што прво помислувате кога ќе се сетите на овој колега? Можеби соработникот за кој сонувате е технички експерт и навистина е добар во поправка на компјутерите. Примени го тој квалитет на себе. Дали треба да го прифатите тој квалитет и дали сакате да бидете ценети во работата колку што е тој?

 

Loading...

 

Ако сонувате дека вашиот партнер ве изневерува

Прво, дали во вашата врска постоело неверство? Ако е така, тоа само покажува дека сè уште постои недоверба.

Но, ако немате причина да се сомневате во вашиот партнер, сонот не ве предупредува дека ве изневерува. Ова може да значи дека меѓу вас стои нешто како работа или голф или ново бебе – нешто што ве тера да се чувствувате „изневерени“ од вашиот партнер.

Ако сонувате за позната личност

Loading...

Познатите личности се навистина забавни за сонување. Луѓето најчесто сонуваат да бидат пријатели со своите омилени актери, пејачи или спортисти. Може да биде славна личност што навистина ви се допаѓа или да е некој што не би ни помислувале.

Без оглед, славната личност ќе претставува некој дел од вас, некоја ваша одлика што сметате дека заслужува признание. Запрашајте се по што е позната таа личност.

 

Happy woman laying on bed

 

Дали е песна? Погледнете го насловот или текстот на песната, бидејќи постои шанса дека ќе најдете нешто релевантно за вашиот живот таму.

Loading...

Ако таа славна личност е актер, кој е неговиот најпознат филм или ТВ серија? Потоа запрашајте се дали има нешто важно за вас во насловот на таа серија или филм, или во самата приказна, можеби во ликот што тој го толкува.