Зивчевиќ се враќа во редовите на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Ненад Зивчевиќ во новата сезона повторно ќе игра во дресот на Куманово, откако претходно направи неколкумесечна пауза.

Loading...

Триесет и петгодишниот кошаркар играше во Куманово во дел од изминатата сезона, по што замина да игра во екипата на Сале од Мароко. Мораше да се врати назад во Македонија кон крајот на минатата сезона, по што остана без ангажман.

Својата кариера, овој српски интернационалец ја започна во Будуќност, а има играно и за Работнички, МЗТ Скопје Аеродром, Струмица, Лирија и Куманово.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KK KUMANOVO 2009 (@kkkumanovo)

Инаку, КК Куманово веќе го оформува полека својот ростер за новата сезона. Откако претходно се засили со српските кошаркари Ѓорѓе Каплановиќ и Ѓукан Ѓукановиќ, договор потпиша и младиот Андреј Настовски, како и Стеван Глигоријевиќ.

Според досегашните најави од стариот ростер дефинитивно нема да има место за Дамјан Робев и Јован Црниќ, додека за останатите преговорите се во тек.

Стручниот штаб на клубот ќе остане ист како минатата сезона, а на тренерската позиција ќе остане Игор Ѓорѓиевски.

Loading...

Клубот во новата сезона освен на домашна сцена, ќе се натпреварува и во БИБЛ лигата, како и во ФИБА Евро Купот.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *