ЖРК Куманово во невозможна мисија против ЖРК Вардар

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен тим од Куманово продолжува со натпреварите во плеј оф делот во оваа натпреварувачка сезона. Кумановки на домашен терен ја пречекуваат екипата на ЖРК Вардар која што го освои третото место на европскиот фајнл фор.

Во домашната екипа на теренот се враќаат Викторија Пеовска и Маја Ивановска, а Наталија Зафировиќ  е сеуште повредена.

Јасно дека Вардар е поквалитетен тим од нашиот, а тоа го призна и капитенот Викторија Пеовска во изјавата.

„Заводолна сум бидејќи имаме многу млади ракометарки и одамна не сме имале добар ракомет. Реално, тешко дека можеме повеќе против ЖРК Вардар кој има одличен тим и се виде на претходниот натпревар во купот дека се уште сме млади за да ги помрсиме сметките на подобрите од нас. Она што е добро што сите млади ракометарки ќе го дадат својот максимум и се гледа огромната желба кај нив да направиме нешто повеќе и да го подигнеме кумановскиот женски ракомет на повисоко ниво.  Имаме потенцијал и верувам дека веќе во следната ќе одиграме многу подобро, а зошто и да не го изненадиме квалитетниот ривал“ – вели Пеоовска.

Тимот на ЖРК Куманово ги поканува сите љубители на женскиот ракомет да дојдат во што помасовен број во четврток (19.05.2016)  да го проследат натпреварот против тимот на ЖРК Вардар од Скопје во спортската сала на  ООУ „Христијан Карпош“ од 18:30.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.