ЖРК Куманово ветува успешно претставување на нашиот град на европска сцена

Сподели со своите пријатели

„Изминатата сезона на нашата екипа слободно може да ја оцениме како мошне успешна“ – вака ја започна прес конференцијата Бобан Пеовски, претседателот на Женскиот ракометен клуб „Куманово“.

Со освојувањето на четвртата позиција во домашното првенство, клубот успеа да обезбеди пласман во најдобрите европски купови, што според Пеовски е голем успех за оваа млада генерација, која многумина ја сметаат за исклучително талентирана.

Во домашното првенство сметам дека прикажавме одлични игри, а како плод на борбеноста и залагањето успеавме на крајот да го освоиме четвртото место во домашното првенство, што впрочем бесе наша примарна цел. Овој успех не обрврзува сите нас во клубот и во наредниот период да работиме уште подобро и доколку ни дозволат можностите да постигнеме уште подобри резултати – вели Бобан Пеовски, претседател на ЖРК Куманово.

Тој изрази длабоко загрижување за претстојниот европски настап, поради финансиските средства кои се потребни за да се овозможи ваков настап, но и да се одигра меѓународен натпревар на домашен терен.

Сите во клубот сметаме дека заслужуваме да ни се даде шанса да настапуваме, а за возврат ветуваме дека на вистински начин ќе го претставуваме градот и државата. Ги повикуваме сите добронамерници, потенцијални спонзори да помогнат во овој циклус, а воедно апелираме и очекуваме од челните луѓе на општината поправична поделба на финансиските средства предвидени од општинската програма за спорт. Ние сметаме дека оваа генерација на ракометарки е одлична база која само ќе се надополнува од кадетскиот и пионерскиот погон а сите тие го чинат мозаикот кој допрва треба да блесне посјајно на ракометна сцена – додава Пеовски.

13453356_10154192919012412_855052683_o

Loading...

 

Според капитенот на ЖРК Куманово, Викторија Пеовска, сите ракометарки даваат свој максимум, а се гледа и желбата да се подигне кумановскиот ракомет на едно повисоко ниво.

Имаме потенцијал и верувам дека веќе во следната сезона ќе одиграме многу подобро. Покажавме дека можеме, имаме квалитет и голема мотивација да се соединиме и да се покажеме во вистинско издание во натпреварите што не очекуваат на европска сцена, а во домашното првенство доколку остане истата екипа можеме да се надеваме на подобар пласман од минатата сезона – вели Пеовска.

Инаку ЖРК Куманово со својот успех постигна врвни резултати оваа сезона во домашното првенство, што ги отвори и вратите кон европските купови, а сето тоа благодарение на упорноста и неопспорниот талент на овие убави спортистки.