ЖРК Куманово обезбедија четвртфинале во Регионалната лига

Сподели со своите пријатели

Со резултат 25:22 раометарките на Куманово го совладаа составот на Рудар од Пљевља со што го освоија првото место во групата од регионалната лига.

Loading...

Кумановки се мачеа во првиот дел од средбата да дојдат до позначително водство, но сепак на полувреме семафорот означи 14:13.

Вториот дел избраничките на Краљевски се покажаа во вистинско светло и лесно триумфираа.

Со шест голови најефикасна кај ЖРК Куманово беше Медеа Чокели, а кај Рудар со девет погодци мечот го заврши Кривокапиќ.

Со оваа победа кумановки се пласираа во четвртфиналето, каде ќе се натпреваруваат со составот на Јагодина.

Никола Ивановски

Leave a Reply