16.09.2019 01:34

ЖРК Куманово не успеа да се избори за второ коло од ЕХФ Купот (ГАЛЕРИЈА)


Ракометарките на Куманово го загубија реванш натпреварот од првото коло во ЕХФ Челинџ Купот, кој вчера го играа против составот на Славија Прага, повторно на свој терен, иако со гостинска улога.

loading...

Уште во првата минута Јована Кипријановска заработи исклучување што ги намали шансите Куманово да успее да направи почетно водство, што добро го искористи противникот. Сепа првото полувреме се играше во континуитет скоро со гол за гол разлика, па веќе по крајот на првиот дел од средбата противникот од Чешка имаше водство со 14:13.

Второто полувреме за ракометарките на Славија Прага повторно започна со резултатска предност кога направија водство, кое Куманово успеа да го намали до 19:20. Сепак кумановки последните 10 минути на паркетот мака мачеа со концентрацијата, што противникот го искористи да ја наполни мрежата за конечни 31:25.

Со по осум погодоци кај Куманово најдобри беа Леонида Гичевска и Ангела Јанкуловска, а кај чешката екипа тоа беше Тереза Покорна со 10 голови.

loading...

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments