ЖРК Куманово ја враќа Македонија во женската СЕХА лига

Сподели со своите пријатели

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и вицешампион, тимот на ЖРК Куманово ќе биде дел од регионалното СЕХА натпреварување во женска конкуренција и ќе биде единствениот претставник од Македонија.

Loading...

Кумановски ќе се натпреваруваат со ракометарки од Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија.

Куманово ќе игра во групата 2, каде ќе се пресмета со Рудар од Црна Гора, Зајчеар од Србија и Груде од БиХ.

Натпреварите по групи ќе се играат турнирски. Секој клуб ќе биде домаќин на по еден турнир што значи дека првата фаза ќе има по четири турнири и во едната и во другата група.

Во зависност од пласманот ќе следуваат четврт-финални пресметки, но ќе биде одигран само по еден натпревар.

Екипите од втората група ќе бидат домаќини на овие дуели, а победниците ќе си обезбедат пласман на Ф4.

Во четврт-финалето играат првопласираниот од едната со четвртопласираниот од другата група и второпласираниот против третопласираниот.

Претходно дел од СЕХА лигата беше само Вардар, но поради промени во составот на тимот и финансиските потешкотии минатата година тимот не се натпреваруваше во регионалното натпреварување.

Loading...

Leave a Reply