ЖРК Куманово го пречекува составот на Стружанка

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре со почеток во 18:30 часот на домашен терен го пречекуваат составот на ЖРК Стружанка во рамките на 2. коло од Првата женска лига на Македонија.

Loading...

За избраничките на тренето Симовски сезоната тргна добро откако впишаа три поени во првиот меч кој на гостински терен го добија со резултат 22:31 против составот на ЖРК Деспина од Прилеп.

https://www.instagram.com/p/B2aCyaAHrdp/

Кумановки немаа среќа да се изборат за понатамошен пласман во ЕХФ Купот кој се одигра изминатиот викенд и сега акцентот ќе го стават на домашниот шампионат каде и годинава ќе атакуваат на двојна круна.

Утрешниот натпревар ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Leave a Reply