Жолта фаза поради високите температури, попладне услови за невреме

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со максимални температури кои на повеќе места ќе бидат над 35, во југоисточните делови ќе достигнат 40 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Целата територија на нашата земја ќе биде во жолта фаза за високи температури. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, на места со услови за појава на невреме, велат од УХМР.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 22, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 32 до 40 степени. УВ зрачењето ќе биде многу високо со коефициент 9.

До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме. Потоа следува период на стабилно и топло време.

Image by Khusen Rustamov from Pixabay

Leave a Reply